Во последниот натпревар од „минхенската “ група Б на СП 2019, Шпанија славеше победа против Бахреин со 33-23. Актуелните европски шампиони ја имаат фаворитската улога во оваа група и очекувано беа супериорни во воведниот меч против аутсајдерот во ова друштво.
Избраниците на селекторот Жорди Рибера по првиот дел имаа целосна контрола на играта и на резултатот, иако на почетокот од натпреварот делуваа малку резервирано и на полувренето имаа само пет гола предност (16-11). Но, во продолжението заиграа во препознатлив ритам и со серија од 5-0 дојдоа до двоцифрена предност од 29-19, а потоа рутински ја заверија првата првата победа.
Фееран Соле беше најефикасен во шпанскиот состав со седум гола, а Алекс Душебаев додаде пет. Во репрезентацијата на Бахреин, главната улога во нападот ја имаа Хабиб и Ал-Сајад со по шест гола.
Бахреин е следниот противник на Македонија во вториот во недела (14 ч.). Шпанија во второто коло ќе игра против Исланд, а третата неделна двојка во Минхен е дуелот меќу Хрватска и Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА