Актуелниот европски шампиона Шпанија стигна до рутинска победа над Уругвај од 28-23 во натпревар од второто коло во групата 1 од главната фаза на Светското првенство во Египет.
Шпанците уште од самиот старт уфрлија во поголема брзина и веќе на пауза имаа двојна предност од 12-24. Во вториот дел само рутински беше приведен мечот до крајот за конечни 38-23. Арино со девет гола беше најефикасен кај „црвената-фурија“, додека кај Уругвај се истакна Кансио со осум гола. И покрај победата Шпанија се уште нема обезбедно четвртфинале, а потребно и е вечер Унгарија да триумфира против Полска.
Во вториот натпревар од 15:30 часот, Катар го совлада Бахраин со 28-23. Бахраинците одлично го одиграа првиот дел по кој имаа и минимална предност од 13-14. Сепак, големиот пад во вториот дел на Бахраин и поголемото искуство на Катарците доведе до тоа на крајот вицешампионот од 2015 година да се радува на нов триумф на шампионатот. Повратникот во репрезентацијата Капоте со девет гола беше најефикасен на мечот, додека Ахмед кај Бахраин заврши со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА