Шпанија се извлече со Полска, лесни победи на Данска и Унгарија

Актуелниот европски шампион Шпанија стигна до првиот триумф на мундијалот во Египет, откако во тежок натпревар успеа да ја совлада Полска со 27-26. Полјаците иако на полувреме имаа негатива од три гола (11-14), во финишот на натпреварот успеаја да стигнат и до израмнување 25-25. Сепак, во финишот пресуди искуството на Шпанците и стигнаа до триумф од 27-26.

Даниел Дујшебаев со шест гола беше најдобар поединец во таборот на „црвената-фурија“, додека кај Полјаците Сико со шест гола беше најефикасен.

Лесни победи во второто коло издвојуваа актуелниот шампион Данска, како и Унгарија. Данците беа подобри од симпатичните ракометари на ДР Конго со убедливи 39-19, додека Унгарците рутински триумфираа над Уругвај со 44-18.

Се вчитува...