Шпанија дојде до втората победа на Европското првенство, убедливо триумфираше во дербито со Германија со 33-26 и е на првата позиција на табелата во конкурнецијата Ц. Шпанците беа сигурни во текот на целата пресметка и германскиот состав не беше конкурентен за успех на овој дуел. Алекс Душебајев со шест гола беше прв стрелец во победничкиот тим, Пекелер со пет гол беше најефикасен кај Германија.
Шпанците во послендото коло играат против Холандија, а Германија втората победа и потврда на пласманот во главната фаза ќе ја бара во дуелот против Летонија во завршното коло.
Исланд со победа го почна европскиот шампионат. И тоа значајна, против составот на Данска. Предводени од Арон Палмарсон кој постигна 10 гола, Исланѓаните забележаа триумф од 31-30. Во оваа група претходно, во првото коло Унгарија славеше над Русија. За прв триумф на ЕП, Данска во вторто коло се соочува ос Унгарија, додека Исланд оди на Русија.
Watch the Game Highlights from Denmark vs. Iceland, 01/11/2020 pic.twitter.com/EjPeqCQjSp
— EHF EURO (@EHFEURO) January 11, 2020
Репрезентацијат на Црна Гора дојде до премиерниот триумф на шампионатот, во балсканскиот дуел беше подобра од Србија со 22-21. Србите сега се со два пораза, претходно загубија и од Белорусија, Црна гора има шанса за втората позиција. Во завршната рунда се соочува со Белорусите со кои во моментов има идентичен биланс.
Watch the Game Highlights from Montenegro vs. Serbia, 01/11/2020 pic.twitter.com/ZiXdF6EdJz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 11, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА