Репрезентацијата на Шпанија ја врати титулата во своите витрини по два во низа трофеја за Португалија на Европските првенства откако во финалето на турнирот кој ја имаше својата завршница во Љубљана славеше над големиот ривал со 3-5.
Шпанија поведе со 0-1 уште во 2. минута со голот на Антонио Перез. Веќе во 4. минута беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Раја. Во 5. минута Португалија намали на 1-2 преку Афонсо Жезус, а лудиот почеток на мечот беше затворен со погодокот за 2-2 на Рубен Гоис во 7. минута.
До крајот на првото полувреме Шпанија стигна до ново водство 2-3 преку Антонио Перез од пенал во 20. минута. Паулета во 30. минута израмни на 3-3, додека погодокот вреден нова титула за „црвената фурија“ (3-4) го постигна Антонио Перез во 36. минута. Конечните 3-5 беа дело на Адолфо во последната минута од натпреварот.
За Шпанија ова е осма титула што е убедливо на врвот на првенствата на стариот континент. Португалија останува на два континентални трофеја.
Претходно денеска во мечот за третото место Хрватска во трилер по пенали славеше над Франција и со тоа стигна до првиот историски медал на континенталните собири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

