Селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло го објави списокот од 12 кошаркари на кои ќе смета за време на квалификациите за претстојните Олимписки игри во Париз. „Фурија“ ќе биде домаќин на турнирот во Валенсија, на кој се и Либан, Ангола, Финска, Полска и Бахамите.
Крилниот напаѓач Руди Фернандез неодамна стави крај на богатата клупска кариера, а на Олимпијадата потенцијално ќе има можност да постигне уште еден голем успех во својата последна сезона.
На списокот на Шпанија се следните играчи: Руди Фернандез (Реал Мадрид), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Вили Хернангомез (Барселона), Хуанчо Хернангомез (Панатинаикос), Дарио Бризуела (Барселона), Чаби Лопез-Арестеги (Валенсија), Алберто Дијаз (Уникаха), Усман Гаруба ( Голден Стејт Вориорс), Хамес Прадиља (Валенсија), Хуан Нуњез (Сан Антонио Спарс), Лоренцо Браун (Панатинаикос) и Санти Алдама (Мемфис Гризлис).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА