Шпанија со рутински триумф над Литванија

Ракометната репрезентација на Шпанија со убедлив триумф над Литванија од 47-14 и стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Швајцарија, Австрија и Унгарија.

Шпанките разликата во квалитет ја покажаа уште во првото полувреме каде на Литванките им дозволија само пет гола, а на пауза заминаа со огромна позитива од 27-5.

Во вториот дел разликата само се зголемуваше, а на крајот Шпанија стигна до конечен триумф од 47-14.

Во недела Македонија ќе и гостува на Литванија, додека Шпанија ден порано ќе одигра гостински меч против Азербејџан.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...