Шпанија сред Милано и се „одмазди“ на Италија за поразот на ЕВРО (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист во Лигата на нации откако на финалниот турнир кој се игра на „Сан сиро“ во Милано ја совлада домашната Италија со 1-2.

Феран Торес во 17. минута донесе водство за „црвената-фурија“. Следуваше голема глупост на Леонардо Бонучи кој за само 12 минути доби два жолти картони и во 42. минута мораше да го напушти теренот.

Феран Торес во судиското надополнување во вториот дел зголеми на 0-2. До крајот Италијанците успеаја само да го ублажат поразот преку Пелегрини во 83. минута.

 

 

 

Се вчитува...