Шпанија – Унгарија во втората полуфинална пресметка на СП во ватерполо

Актуелниот шампион Шпанија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо откако во четвртфиналниот дуел славеше против Франција со 7-6.

Франција го имаше полуфиналето во свои раце, во текот на целиот меч беше поконкретна и подобар тим во базенот, на три минути пред крајот имаше и два гола предност, но не успеаја да ги сочуваат.

Шпанија ја искористи несигурноста на „троколорите“ во финишот и преку неколку брзи акции дојде до победата.

Во борбата за финале Шпанија ќе се соочи со Унгарија која ја победи селекцијата на САД со 13-12.

Во второто полуфинале ќе играат Србија и Грција.

Се вчитува...