Шпанија веќе е на Мундијалот, голем чекор и на Австрија кон виза за Америка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шпанија ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Грузија каде славеа со убедливи 4-0 во меч од 5. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Водство за гостите од 0-1 донесе Ојарзабала од пенал уште во 11. минута. Во 22. минута Зубименди зголеми на 0-2, додека до крајот на првиот дел беше и 0-3 со погодокот на Феран Торес. Конечните 0-4 ги постави Oјарзабал со својот втор гол во 63. минута.

Georgia 0 – [4] Spain – Mikel Oyarzabal 63'
byu/BackgroundMorning630 insoccer

Во вториот меч од оваа група Турција славеше кај Бугарија со 2-0. Во последното коло се среќаваат Шпанија и Турција, а доколку Турците сакаат директно да се пласираат на Мундијалот ќе мора да ја победат „црвената-фурија“ на гостински терен со невозможни седум голови разлика.

Standings provided by Sofascore

Добар чекор за пат кон Америка направи и Австрија која славеше против Кипар со 0-2. Стрелци на головите за Австријците беше Арнаутовиќ кој со два гола донесе голема победа за патот кон СП. Доколку Босна и Херцеговина вечерва на домашен терен не победи против Романија, Австрија е сигурен патник на Мундијалот.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...