Шпанија веќе се подготвува: Првото ‘Ел Класико’ на 28.октомври

Новата сезона во Примера ќе стартува на 18. и 19. август, а титулата ќе ја брани Барселона. Најголем ривал за титулата секако ќе биде Реал Мадрид, а Шпанија веќе се подготвува за првото ‘Ел Класико’ кое ќе биде на програмата во десеттото коло, на 28.октомври. Првиот мегадуел ќе биде на „Камп Ноу“, а до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се чека до 26.март 2019 година, кога домаќин ќе биде Реал Мадрид.

Барселона во првото коло ќе го пречека Алавес, Реал Мадрид ќе биде домаќин на Хетафе, а Леванте, тимот на Енис Барди, ќе му гостува на Бетис.

Се вчитува...