Ракометната репрезентација на Шпанија стигна до првата победа на турнирот на Летните олимписки игри во Париз откако во еден крајно неатрактивен и лош натпревар со многу грешки славеше над Словенија со 25-22.
Словенците беа подобар противник во првото полувреме, па подобрата игра успеаја да ја материјализираат со позитива од три гола на пауза 8-11. Во вториот дел Шпанија конечно заигра подобро, па предводена од неверојатниот Перез де Варгас кој имаше 15 одбрани на голот на крајот успеа да слави со 25-22.
Алекс Гомез со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените пет гола постигна Деан Бомбач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА