Шпанија е вториот осминафиналист на ЕВРО 2024, по домаќинот Германија, откако во дербито на Групата Б триумфираше со 1-0 против Италија во Гелзенкирхен, сосема доволно за мирно очекување на последниот натпревар против Албанија во групата.
Повеќе од заслужено Шпанците славеа против актуелниот бранител на титулата кој не покажа апсолутно ништо за епитетот – европски шампион.
Италијанците за цели 90 минути имаа само еден шут во рамките на противничкиот гол. Шпанија, пак, имаше бројни шанси и за поубедлива победа, но на крај триумфираше со автоглот на Рикардо Калафиори во 55. минута од средбата.
Riccardo Calafiori own goal puts Spain ahead.pic.twitter.com/KII1Ujf4wR
— Max Statman (@emaxstatman) June 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА