Фудбалската репрезентација на Шпанија на 11 јуни и гостува на Македонија, во квалификациите за СП во Русија. Во Скопје, Шпанците ќе дојдат со фантастична победничка серија во квалификациите за фудбалските мундијали која трае полни 24 години.
Во последниот натпревар од овој квалификациски циклус, „црвената фурија“ славеше против Израел (4-1) и ја продолжи низата без пораз.
Шпанија нема пораз во натпреварите од квалификациите за светските првенства уште од 1993 година кога последен пат загуби со 1-0 од Данска тогаш предводена од Шмајхел и Лаудруп.
Во изминатите две и пол децении Шпанците ја освоија и својата прва титула светски шампиони на СП 2010 во Јужна Африка кога во финалето славеа против Холандија. Тие во овој период без пораз настапија во квалификациите за светските превнства што се одржаа во Франција, Јапонија, Ј.Кореја, Германија и во Бразил, а, засега доминираат и во овие квалификации за СП во Русија.
Шпанија е на првото место во Групата Ф со 13 бода, колку што има и Италија, но, со подобра гол разлика Шпанците се едно место пред главниот ривал. Покрај нив во оваа група се и Израел, Албанија, Македонија и Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА