На 64-годишна возраст почина Хозе Мануел Очоторена, еден од легендарниот голмани на Реал Мадрид и на Валенсија. „Кралевите“ изразија сочувство до неговото семејство.
Очоторена играше за Реал Мадрид шест сезони, од 1982 до 1988 година. Освои два Купа на УЕФА, три трофеи во Ла Лига и еден Куп на Шпанија. Освен Реал, играше и за Валенсија, Тенерифе, Логроњес, Сантандер.
Тој беше исто така дел од шпанската репрезентација на Светското првенство во Италија 1990. Беше тренер на голмани во Валенсија, Ливерпул и во шпанската репрезентација кога селекцијата го освои Светското првенство и двата трофеи на Европските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

