Ракометната репрезентација на Шпанија стигна до бронзениот медал на Летните олимписки игри во Париз откако во малото финале славеше над репрезентацијата на Словенија со 23-22.
Двете селекции одиграа еден израмнет меч во кој ниту една екипа не можеше да се одлепи, на крајот посреќни беа Шпанците кои стигнаа до нов бронзен медал на Летните олимписки игри. Словенија пропушти шанса да стигне до својот прв ракометен медал во историјата на игрите.
Aлеиш Гомез со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа шесте гола на Јуре Доленец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА