Младата репрезентација на Шпанија е вториот полуфиналист на ЕП за играчи до 21 година кое се одржува во Романија и Грузија.
Шпанците вечерва со 2-1 дури по продолженијата ја совлада селекцијата на Швајцарија.
Гомез донесе предност за Шпанија, а во 91. минута Швајцарците се изборија за продолженија со голот на Амдуни.
Во првото продолжение Миранда носи ново водство за Шпанија, кое беше задржано до крај.
Прв полуфиналист стана Израел кој претходно ја совлада Грузија на пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА