Шпанските фудбалерки ја освоија светската круна по победата во финалето на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд над Англија од 1-0.
А, по финалето и освоената круна веднап следеа бројни скандали во кои во центарот на вниманието беше претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз, Луис Рубиалес кој по финалната средба во уста се бакнуваше со репрезентативката Џенифер Хермосо.
„Тоа беше обостран чин тотално спонтан поради големата еуфорија по победата. Со претседателот имам одличен однос и кон сите нас се однесува фантастично. Тоа беше сосема природен гест и луѓето не треба да се занимаваат со тоа“ – изјави Хермосо, по скандалот.
Но, во Шпанија со денови следат прозивките за оставка на Рубиалесо. Се поизвесно е и дека тоа ќе се случи, иако тој се правда дека се е погрешно протолкувано.
А, фудбалерките, пак, во меѓувреме и тоа како лудо се забавуваат на заеднички одмор на Ибица каде го слават најголемиот успех во своите кариера. Добро расположени дамите уживаат на сонцетот на Средоземното море.
На јахтата е и Хермосо која како што вели сака да се исклучи од сите глупости во јавноста…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА