Шпановиќ по неуспехот: Беше лудило што воопшто дојдов во Париз да скокам…

Ивана Шпановиќ со години е редовен медалист на големите натпреварувања во скок во далечина, но српската атлетичарка разочара на ОИ во Париз.

Таа скокна само 6,51 метри што беше недоволно за пласман во финалето, камоли за борба за медал, но Шпановиќ во изјава по настапот јасно стави до знаење дека слабиот резултат се должи на незгодната повреда што ја влече веќе подолго време.

„Не само личност што бара оправдувања, не ни постои алиби особено по се што минав низ целата кариера. Едноставно, по она што ми се случи и руптурата на ахиловата тетива, мене ми бепе желба да бидам тука. Цела година скокав со руптура, овојпат не успеав целосно да се опоравам. На крајот, со лекови, инјекции и терапии се доведов во состојба да можам да се појавам. Тешко ми е да зборувам што ќе донесе иднината за мене, не сум човек што се откажува, впрочем беше лудило што воопшто дојдов во Париз да скокам. Си реков дека ќе дојдам и ќе скокам и по ризик ногата да ми се распадне, нема да се откажам. Верувам дека ќе се вратам, сакам да направам уште нешто за да се поздравам со сите онака како што доликува“, порача Ивана Шпановиќ.

Се вчитува...