Шпановиќ жестоко против ВАДА: Одлуката за Синер ги исмејува сите чесни спортисти

Договорот за кратка суспензија на Јаник Синер во големиот допинг скандал на светскиот рекет број 1 ја разбранува спортската јавност. Реакции стигнуваат од сите страни, а српската атлетичарка Ивана Шпановиќ жестоко ја критикуваше Светската Антидопинг Агенција ВАДА за ваквиот компромис направен со италијанскиот тенисер.

За потсетување, обвинителството бараше меѓу една и две години суспензија за овој случај, за ВАДА на крајот да се договори со Синер тој да добие само тримесечна суспензија, објавена во вистински момент за Италијанецот да може да настапи и на Ролан Гарос и потоа на Вимблдон.

„Животе, спуштена ролетна. Ова е неограничено исмејување на спортот. Колку еден орган за борба против допингот може да биде бескурпулозен. Ова е срамота за институција како ВАДА која треба да го штити интегритетот на спортот. Наместо тоа, од ВАДА се носат одлуки со кои се исмејуваат сите оние кои кариерите ги посветиј на „чист спорт“. Не само што ВАДА не работи во служба на чистиот спорт и неговите учесници, туку отворено застанува на страната на оние кои мамат и оставаат дамки на угледот на спортот, кои ја омаловажуваат напорната работа на стотици илјади спортисти ширум светот – оние кои веруваат во систем на правда и идеологија. Како некој може да верува во систем што отворено ги штити престапниците или некоја избрана елита“, напиша Шпановиќ на својот инстаграм профил.

Се вчитува...