Шпанска доминација и за „голман на годината“

Шпанците ја продолжуваат жетвата на освојување награди на вечерашното издание на „Златната топка“, откако лауреати од оваа земја ги освоија и признанијата за најдобар голман.

Унаи Симон е избран за најдобар чувар на мрежата во светскиот фудбал за 2026 година, шпанскиот голман кој бранеше во топ-форма на СП 2026 и беше меѓу најзаслужните што „црвената фурија“ стигна до својата втора мундијалска титула во историјата.

Шпанскиот успех го комплетираше Ката Кол, голманката на Барселона и на „црвената фурија“ која беше избрана за најдобра во ѓенска конкуренција.

„Не постои поголема чест од ова вечерва. Благодарност од срце, ова можеби е индивидуална награда, но никогаш не би ја освоила да не се тука останатите фудбалерки на мојот тим и во репрезентацијата. Благодарност до сите нив“, изјави Кол по приемот на наградата.

Се вчитува...