Шпанска сапуница: Девојката на Пике во љубовен триаголник, и тоа со Пеп Гвардиола

Неверојатни информации пристигнуваат од Шпанија, откако дел од медиумите тврдат дека девојката на Жерар Пике, Клара Марти, го изневерила екс-фудбалерот, и тоа со неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

Информацијата прв ја објави каталонскиот весник „Спорт“, а потоа ја пренесоа бројни медиуми ширум Европа, според кои Пике бил шокиран кога дознал дека 23-годишната Клара го изневерила. Откако му станало јасно кој е третиот лик во „љубовниот триаголник“ на Клара Марти, бесот станал уште поголем, па Пике експресно ја прекинал врската со оваа девојка, што траеше нецела година.

Според истите извори, 52-годишниот Гвардиола ја познавал Марти бидејќи одела во исто училиште како и неговите деца во Барселона, а неодамна зовреле страстите меѓу нив. Гвардиола важи за човек „во среќен брак“, но последните информации можат сериозно да го нарушат приватниот живот на трофејниот стратег на Манчестер Сити.

На целата сапуница најмногу се ситат фановите на екс-сопругата на Пике, поп-ѕвездата Шакира… „Не било нормално Клара да го напушти Пике за Гвардиола… Па не беше нормално ни тој да ја изневерува Шакира со таа девојка, па го направи тоа“, гласи еден од бројните коментари против екс-фудбалерот на Барселона.

Се вчитува...