Нема крај на шпанската серија поврзана со Партизан и останувањето или заминувањето од клубот на легендарниот Желимир Обрадовиќ. На денешниот состанок Обрадовиќ одбил да се врати во тимот, но сепак се уште не е исклучена таа опција. Како што пренесуваат српските медиуми конечната одлука ќе биде донесе утре во 11 часот.
Во меѓувреме српскиот великан се раздели со спортскиот директор Зоран Савиќ. Савиќ беше дел од клубот од 2021 година и за тоа време Партизан оствари значајни успеси, како пласирање во Евролигата, две титули во АБА лигата и титула шампион на Србија. Како спортски директор, тој беше задолжен за креирање на ростерот, доведување нови играчи и други одлуки во спортскиот сектор.
Иако клубот официјално ги признава успесите на Савиќ, се очекува новиот спортски директор да донесе нови промени во стратегијата, а најблиску до таа позиција е легендарниот Новица Величковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

