Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател кој ќе остане на таа функција до 2028 година. Се работи за Рафаел Лусан кој доби 90 гласа, за разлика од неговиот противкандидат Салвадор Гомар кој собра 43 гласа на Генералното собрание.

„ФФ на Шпанија е дом за сите во шпанскиот фудбал. После овие избори, конечно станавме тим во кој сите ќе можат да придонесат за федерацијата, која е наш живот и наша страст. Време е да го вратиме престижот и имиџот на оваа организација и за да дојдеме до неа треба да се држиме заедно, бидејќи само оние кои остануваат обединети можат да постигнат резултати, особено би сакал да му се заблагодарам на мојот драг пријател Педро Роча кој го започна овој нов пат“, рече Лусан на собранието.

Лусан беше прогласен за виновен во мај 2022 година за проневера во врска со договори поврзани со подобрување на теренот во градот Морана. Но, тој беше ослободен од сите обвиненија, па казната од седум години извршување јавна функција беше укината.

Фудбалската федерација на Шпанија е без претседател од јули по разрешувањето на Роча, кој беше обвинет од Спортскиот управен суд за пречекорување на должностите со отпуштање на тогашниот генерален секретар на федерацијата, Андреу Кампс.

Се вчитува...