Шпанската АСОБАЛ-лига почна со огромно изненадување откако апсолутниот фаворит Барселона успеа да стигне само до еден бод на дуелот со Бидасоа (26-26).
Нема сомнеж дека Барса повторно ќе биде шампион на својата земја, каталонскиот гигант е апсолутен фаворит на секој натпревар, тоа беше случај и на денешното гостување против Ирун Бидасоа, во кое домаќините го изненадија фаворитот со одлично издание во првото полувреме. Бидасоа имаше предност од 16-13 по првото полувреме, Барса се врати, но не успеа да стигне до цел плен. Треба да се истакне дека Дика Мем погоди за конечни 26-27, но судиите одлучија да го поништат голот бидејќи времето било истечено.
Дефинитивно лош старт на сезоната за каталонскиот гигант, ако се знае дека Барса веќе в среда ја очекува и почетокот на Лигата на Шампионите, со гостување против Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

