Шпански медиуми: Џирона и Мичел треба да се запрашаат како македонската репрезентација секогаш го влече најдоброто од Миовски!

Шпански „Естадио Депортиво“ во поголема анализа за настапите на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски пренесува дека тренерот на Џирона, Мичел, и тоа како е под „своевиден притисок“ поради одлчните партии на македонскиот напаѓач во репрезентативниот дрес.

Шпанците пишуваат дека Мичел едноставно мора да му дава поголема минутажа на Миовски.

„Добрите настапи во репрезентацијата веројатно ќе го натераат Мичел да ја преиспита минутажа на Миовски на следниот меч. Џирона се мачи во клучниот дел од сезоната, а тренерот Мичел има тешкотии со изборот на играчи за првенствениот меч против Барселона в недела. Еден од избраните би можел да биде македонскиот репрезентативец“ – пишува „Естадио депортиво“ и дополнува:

„Перформансот на Миовски досега во клубт можеби не е според очекувањата на спортските директори на Џирона, но неговите репрезентативни настапи сугерираат дека тој може да му даде крилја на тимот до крајот на сезоната. Ако се погледне актуелната ситуација Мичел има проблем во нападот и мора да одлучи дали ќе се потпре на добрата форма на македонскиот репрезентативец, или наместо тоа, ќе се одлучи за ветеранот Стуани. Во клубот треба да се запрашаат што е тоа што македонската репрезентација секогаш го извлекува најдоброто од Миовски“.

Бојан Миовски во досегашните 28 кола во Ла Лига на седум меча беше на клупата, а на шест меча не беше во тимот. Во последните пет кола беше во составот на тимот но со ограничена минутажа.

Џирона сега ја очекува натпреварот со водечката Барселона која во последните пет меча има пет победи, а Џирона е на 13. место. На последните пет свои натпревари Џирона има два порази и три реми.

Се вчитува...