Шпански спектакл во Лас Вегас: Алкараз славеше, но сите говорат за неверојатните потези на Надал (ВИДЕО)

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкраз приредија спектакл во Лас Вегас каде одиграа егизибициски меч кој го носеше називот „Нетфликс слем“.

На победата се радуваше младиот Шпанец кој славеше против искусниот сонародник со 3-6, 6-4 и 14-12, но Надал е оној кој стана хит на социјалните мрежи со неколку феноменални потези. Рафа во третиот сет на спектаклурарен начин спаси топка и одново покажа со колкав жар ја игра оваа игра.

„Неговиот борбен дух е неверојатен. Никогаш не се откажува, трча во секој агол на теренот. Пропуштив неколку меч топки пред да победа поради тоа што тој изведе феноменални удари. Никогаш не се предава и тоа е нешто што сакам и јас да го додадам во мојата игра. Тој менталитет кој го има, тоа изнаоѓање на решение и кога не му одат работите од рака, тоа е восхит. Мислам дека сите во животот треба така да размислуваат“, вели Алкараз.

Се вчитува...