Шпански стратег е изборот за нов селектор на Македонија

Шпанецот Хозе Марија Берокал е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, објави вечерва раководството на МКФ на официјалната веб-страница.

Изборот за наследник на Илиевски падна врз странски стратег, а Барокал ќе стане прв Шпанец – селектор на Македонија во кошарката.

Од нашата куќа на кошарката новиот селектор е најавен како „искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, г. Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка. Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други). . Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет“.

Сепак, мора да се напомене дека огромен дел од овие клупски ангажмани биле како помошен тренер, а на како шеф на струката во клубовите во кои работел.

Од бројните клубови во кои работел, тој лани бил асистент на Херберт во Баерн, претходно имал слични улоги и во Барселона и Панатинаикос. Улогата на прв тренер на имал во Бахреин, потоа во турски Ескишехир, како и во неколку шпански нисколигаши, меѓу нив и Сан Антони, третолигаш од оваа земја на чие чело новиот македонски селектор ја почна сезонава.

Берокал своето деби на клупата на Македонија ќе го има на претстојните мечеви од претквалификациите за Евробаскет 2029 против селекциите на Луксембург и на Азербејџан.

Се вчитува...