Веќе в среда и четврток продолжува ракометната Лига на шампиони, а битолски Еурофарм Пелистер го очекува првото гостување. Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот на македонскиот шампион против данскиот Алборг.
Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља ќе го водат дуелот на пелистерци против Ландин, Хансен и другарите, а делегат ќе биде Сигурдсон од Исланд.
Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра в среда на 20 септември од 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.
Во првото коло Алборг извојува гостинска победа на теренот на европскиот вицешампион Киелце, уште еден јасен знак дека македонскиот првак го очекува исклучително тешка задача на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА