Светскиот тенис добива шпански тандем на врвот. По Рафаел Надал, кој се врати на првото место на АТП – листата, и Гарбине Мугуруза, од следната седмица ќе биде на водечката позиција во ВТА – листата. Тоа ќе биде за првпат по 2003 година, двата најдобри светски рекети да доаѓаат од иста земја.
„Ова за мене е огромно достигнување. Голема чест ми е што заедно со Рафаел Надал ќе бидеме на водечките позиции во светскиот тенис“, изјави Гарбине Мугуруза.
Последен пат ова се случи во 2003 година, кога Андре Агаси беше на првото место во машка конкуренција, а Серена Вилијамс беше прворанигарана кај дамите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА