Шпанскиот фудбал е завиен во црно за веста дека во железничката несреќа која се случи во близината на Кордоба, Шпанија, и во која загинаа 40 лица, има и еден поранешен фудбалер.
До нсреќата дошло на делницата на пругата која е реновирана во мај минатата година, по што еден воз излета од шините. Меѓу оние кои загинаа и е ксе играчот на Севиља, Еибар и Атлетико Мадрид, Давид Кордон.
Кордон загина на 50-годишна возраст, играше како лев бек и беше дел од младинските селекции на Шпанија. Неговиот син Давинчи кој има 18 години, игра во Гетафе во моментов.
Кордон играше и во Рекреативо Хуелва, Картагонова, Замора, Реал Унион, Пинатар, Мостолес, Кобења, а ја заврши кариерата во Виљаралбо во 2010 година. Играше за младинските селекции на „фуријата“ до 16, 18, 19, 20 и 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

