Шпанскиот репрезентативен стопер со мега-трансфер среде ЕВРО 2024

Шпанскиот репрезентативен стопер, Робин Ле Норманд е нов играч на Атлетико Мадрид.

Стандардниот дефанзивец на Шпанија го напушти Реал Сосиедад и среде Европско првенство потпиша за нов клуб, по што Реал Сосиедад ќе добие 30 милиони евра отштета.

27-годишниот Ле Норманд досега ги одигра сите четири натпревари на ЕВРО 2024, а досега има 15 настапи и еден постигнат гол. Во кариерата претходно има настапи и за француски Брест од каде се пресели во Реал Сосиедад. Се одлучи да игра за Шпанија, иако е роден во Франција.

Се вчитува...