Шпанските фудбалерки сведочеа против Рубијалес

Пред судот се појавија двократната добитничка на „Златната топка“ Алесија Путелас и две нејзини соиграчки од шпанската фудбалска репрезентација.

И тоа како сведоци во истрагата против поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес.

Путелас, Ирене Паредес и Миса Родригез одговараа на прашањата на судијата во Мадрид. Родригез се појави на суд во шпанската престолнина, додека Путелас и Паредес сведочеа преку видео-конференција од Барселона.

Шпанското обвинителство го обвини Рубиалес за сексуален напад и принуда, откако тој ја бакна Џени Хермосо во уста без нејзина согласност за време на церемонијата за доделување медали по финалето на Светското првенство во август.

По бројните критики, суспензии и правни дејствија, Рубиалес на крајот поднесе оставка. Доколку биде прогласен за виновен, Рубиалес може да се соочи со парични казни или затворски казни од една до четири години. Новиот шпански закон, усвоен минатата година, ја елиминираше разликата меѓу „сексуално вознемирување“ и „сексуален напад“, со што се санкционира секој сексуален чин без согласност.

Се вчитува...