Неколку шпански клубови најавија покренување судска постапка за прекин и анулирање на шпанското првенство ако Ла Лига го прифати барањето на Барселона за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.
Челниците на Барселона информираа дека денеска ќе биде завршена работата околу регистрацијата на двајцата фудбалери, затоа што се чекаат само документите за продажба на ВИП местата на Камп Ноу со што ќе бидат исполнети сите услови за регистрација на двајцата фудбалери.
Но, дел од шпанските клубови сметаат дека Жоан Лапорта на нелегален начин се обидува да го заврши целиот процес, истакнувајќи дека нема да дозволат овој случај да помине во Ла Лига.
Жоан Лапорта последните години има лоши релациите со речиси сите клубови од Ла Лига, поради што е и револтот кај добар дел од нив. Севилја е предводник на незадоволните, посебни и поради случајот Негреира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА