Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ одново ја докажа својата класа постигнувајќи еврогол во градското дерби против Реал Бетис во 15. коло од шпанското првенство, натпревар кој заврши со резултат 1-1.
Триесетипетгодишниот Хрват во 78. минута упати неодбранилив удар кон противничкиот гол од 25 метри што наиде на еурофрија и кај шпанските коментатори на популарноот радио „Радио Марка“ кои урлаа „Голазо, Ракитазо“.
Со овој прекрасен гол Ракитиќ се запиша во историјата на едно од најголемите градски дербија. Сега со пет постигнати голови Хрватот е најдобриот стрелец на Севилја во дербито за Севилја. Вкупно пред него е само Карденоса кој како фудбалер на Реал Бетис постигна шест гола во овие средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА