Второ по ред светско првенство, Шпанците се елиминирани после изведувања на пенали. После Русија која ги елиминираше по ударите од 11 метри, сега одново си одат дома после пенал рулет. За потсетување дека „фуријата“ беше елиминирана на пенали и после Европското првенство минатата година од Италија.
„Фуријата“ играше натпревар идентичен како и во групната фаза. Со многу посед, со многу додавања, но како и против Јапонија и Германија – без ефект. Мароканците се бранеа дисциплинирано, и на крајот на пенали ги исфрлија момците на Енрике.
Шпанските медиуми се полни со критики за таквата игра со многу посед и додавања, која нема ефект.
„Ова е смрт, и повеќе од тоа. Смрт на Шпанија на Мундијалот во Катар и веројатно крај на ерата на Луис Енрике, но ова е смрт и на овој стил на игра. Шпанија оди дома од два Мундијали во низа, играјќи два исти натпревари“, пишува „Марка“.
„Шпанија го напушта Катар со само една победа против Костарика, а тој ден небото се отвори. Се од тогаш беше само еден пад од кој не успеавме да излеземе, а заврши со смртоносен рулет од Мароко“, стои во Марка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА