Хрватска приреди големо изненадување откако на стартот на ЕП 2024 ја понижи селекцијата на Шпанија со убедливи 39-29. Хрватите предводени од селекторот Перковац одиграа неверојатен меч во кој доминираа од почеток до крај.
Токму селекторот на „коцкестите“ по мечот изјави дека Шпанците ако играле и со осум играчи немало да можат да ја добијат Хрватска.
„ Ривера можеше да игра и осум на шест и ништо немаше да му помогне. Ова е уметност.Честитките ќе им ги проследам на играчите. Се гордеам со нив. Не знам кога ја добил некој Шпанија со десет гола разлика. Ќе славиме пола час, ќе ја заборавиме оваа средба и одиме понатаму“, изјави Перковац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

