Бугарите доживеаја вистински дебакл со убедлив пораз од 0-3 пред своите навивачи во Софија од актуелниот европски шампион, Шпанија, во квалификациите за СП 2026.
„Фуријата“ реши сè во првото полувреме, поточно, до 38. минута, кога ги постигнаа сите голови.
Веќе во 5. минута, Ојазрабал донесе 0-1, а потоа Кукуреља го дуплираше водството, а во 38. минута Мерино го постави конечниот резултат.
На арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, пак, Полска се спротивстави и освои вреден бод (1-1) против Холанѓаните.
„Лалињата“ поведоа во 28. минута и се чинеше дека имаат мирно продолжение и завршување на работата пред нив. Сепак, Полјаците не се „согласија“ и успеаја во 80. минута преку Кеш дојдоа до 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

