Шпанците и со играч помалку ја демолираа Швајцарија, Модриќ е херојот на Хрватска

Шпанија славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против Швајцарија, опоравувајќи се на најдобар начин од разочарувачкото реми во Белград против Србија на стартот од новата сезона во Лигата на Нации. Новиот европски првак одигра беспрекорен меч од тактички аспект, а триумфот е уште позначаен ако се знае дека Шпанците од 20. минута беа со фудбалер помалку на теренот по исклучувањето на Ле Норманд.

Резултатот во тие моменти гласеше 0-2, Швајцарија до крајот на полувремето намали на 1-2, а потоа и имаше иницијатива на теренот во вториот дел. Шпанските фудбалери не само што мајсторски се бранеа, туку преку контранапади успеаја да постигнат уште два погодоци, преку Фабијан Руиз и Феран Торес, за убедлива победа на овјо натпревар.

Хрватска по голема борба славеше над Полска со 1-0, благодарение на генијалниот погодок на Лука Модриќ. Асот на Реал Мадрид го круниса одличното издание со еврогол од слободен удар, доволен за „коцкестите“ да ги освојат трите бода на овој натпревар.

Шведска ја оправда фаворитската улога против Естонија, славејќи со 3-0 со головите што во првото полувреме ги постигнаа Гјокереш (два) и Исак.

Се вчитува...