Ракометната репрезентација на Шпанија на фантастичен начин го започна Европското првенство во Хрватска. „Црвената фурија“ ја демолираше Чешка со 32-15 и покажа дека атакува на висок пласман на овој шампионат.
Шпанците по првото полувреме имаа водство од 16-9, а во второто беа уште поубедливи и на Чешка и дозволија да постигне само шест погодоци. На крајот, со убедливи 17 гола предност го заокружија првиот настап на ЕП.
Раул Ентрериос, Веран Соле и Валеро Ривера постигнаа по пет гола за селекцијата на Шпанија, а кај Чесите идентичен ефект имаше Станислав Каспарек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА