Шпанците ја посрамотија Турција, Германците се спасија од нова бламажа

Шпанија со неверојатно издание ја понижи фудбалската репрезентација на Турција, декласирајќи ја на гостински терен со преубедливи 0-6, апсолутна демонстрација на моќта на актуелните европски шампиони.

Педри блесна постигнувајќи еврогол од дваесетина метри за 0-1, а неочекуван херој беше Микел Мерино кој на овој натпревар го постигна својот прв хет-трик во репрезентативната кариера. До крајот на мечот Педри успеа да постигне уште еден гол, а меѓу стрелците се запиша и Торес.

Германија по неочекуваниот пораз во Словачка се спаси од ново фијаско славејќи над Северна Ирска со 3-1. Ирците долго одолеваа при 1-1, пред Амири конечно да бие прецизно во 69. минута по лошата проценка на гостинскиот голман. Отпорот беше скршен, па конечните 3-1 во финишот ги постави Флоријан Вирц.

Полска на домашен терен ја совлада Финска со 3-1, додека Словачка во драматичен финиш со голот на Риго во 90. минута стигна до цел плен на гостувањето во Луксембург (0-1).

Се вчитува...