Шпанците не застануваат: Ќе се борат за злато на фудбалскиот турнир на ЛОИ

Фудбалската репрезентација на Шпанија има шанси да го освои и олимпиското злато во фудбал, и така да ги обедини европската и олимписката титула. Шпанските фудбалери вечерва со пресврт го совладаа Мароко, и се пласираа во големото финале на олимпискиот фудбалски турнир. Во мечот одигран во Марсеј, на крајот „Фуријата“ славеше со 2-1.

Суфиан Рахими од пенал во 37. минута го донесе мароканскиот национален тим до предност.

Шпанците долго време се бараа себе си, а Фермин Лопез во 66. минута успеа да го израмни резултатот. „Фуријата“ тргна и по втор гол, а тоа му успеа на Хуанлу кој на пет минути пред крајот на регуларниот дел ги постави конечните 2-1.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Египет – Франција кој е на програмата вечерва.

Се вчитува...