Шпанија ремизираше (1-1) со Полска во Групата Е на Европското првенство, на дуелот кој се одигра во Севилја.
Шпанците до предноста дојдоа со погодокот на Мората во 25. минута од средбата. Голот најпрво беше поништен поради наводен офсајд, но по интервенција на ВАР-судијата, сепак на крајот беше признат и од главниот судија.
Во второто полувреме Левандовски погоди во 54. минута за Полјаците поставувајќи ги конечните 1-1. Шпанците во 58. минута не реализираа удар од белата точка преку Морено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА