Шпанците откриваат: Познато е кој ја платил кауцијата на Алвеш, има и таен договор

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш кој беше осуден на четири и пол години казна затвор поради силување кое се случи на крајот на месец демеври 2022 година е превремено пуштен на слобода откако плати кауција од еден милион евра.

Со оглед на состојбата во која се наоѓа 40-годишникот и неговите искази дека има проблеми со финансии се постави прашањето кој ја платил кауцијата, а по неколкуте претпоставки дека тоа е таткото на Нејмар и неговиот поранешен соиграч од Барселона, Мемфис Депај, шпанските медиуми изнесоа нови информации.

Според нив кауцијата на Алвеш ја платил познат бразилски медиум кој за возврат ќе добие ексклузивно интервју со еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Медиумот смета дека со самата ексклузива ќе успее да го покрие милионскиот трошок.

Се вчитува...