Откако денеска УЕФА отвори дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијалното кршење на правилникот, околу создавањето на новата Суперлига, во шпанските медуми се појавија инфорамции дека казната нема да биде само парична и тритте клуба ќе бидат избркани од Лигата на Шампионите.
Како што пренесува ‘Cope’, веќе се познати и клубовите кои ќе ги заменат нивните места, а тоа се Реал Сосиедад и Бетис од шпанското првенство, додека местото на Јувентус ќе го пополни Наполи.
Како потсетување, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус беа едни од 12. клуба кои ја оформија Суперлигата. Англиските клубови набргу потоа ја напуштија идејата, нивните стапки ги следеа и Милан, Интер и Атлетико Мадрид, а шпанските и италијанскиот великан решија да останат зад идејата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА