Тениската репрезентација на Хрватска не успеа да приреди сензација со пласман во четвртфиналето од Дејвис купот и елиминација на Шпанија. Хрватите, и покрај тоа што вчера имаа предност од 2-1 во мечеви, Шпанците денеска со двете победи во поединечна конкуренција стигнаа до вкупна победа од 3-2.
Најпрво, Баутиста во четири сета, со 6-1,3-6,6-3,7-6 славеше против Шкугор за израмнување на 2-2, а во одлучувачкиот петти меч, Пабло Карено Буста далеку полесно со 7-6,6-1,6-4 по околу два часа игра го победи Никола Мектиќ.
Во четвртфиналето Шпанците ќе се соочат со Србија, која во Ниш лесно, со победи уште во првите три меча, славеше против Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА