Шпанците решија: Со ВАР против судиските неправди во „Ла Лига“

Шпанската Ла Лига од следната сезона ќе воведе ВАР технологија за прегледување и исправање на судиските грешки, беше одлучено на денешниот состанок на раководството на лигата со Шпанската Фудбалска Федерација. Бројни клубови се жалеа на судиски грешки во текот на целата сезона, бевме сведоци и на непризнаени голови иако топката ја мина гол-линијата, па Шпанците се надеваат дека со овој потег ќе бидат намалени контроверзните моменти во елитното фудбалско друштво од следната сезона.

Договорено е воведувањето на ВАР-технологијата за следната сезона. Опремата ќе биде набавена од Медиапро, а обуката на судиите ќе ја водат пензионираните судии Карлос Веласко Карбалјо и Карлос Клос Гомез“ – објавија шпанските медиуми.

Германската Бундес-лига и италијанската Серија А уште од почетокот на оваа сезона воведоа ВАР технологија, додека Англичаните ја користат технологијата на дел од натпреварите во ФА Купот, пред да донесат одлука дали истата да се користи во Премиер-лигата.

Се вчитува...