Репрезентацијата на Шпанија, која е еден од ривалите на Македонија во групата Б од СП во Мец, имаше успешно загревање за мундијалот на турнирот што го играше на домашен терен во Ирун.
По победите над Полска од 30-20 и над Аргентина од 38-25, „црвената фурија“ попладнево рутински славеше и над светскиот вицешампион Катар со 32-27. Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање, Шпанците на неколку минути до крајот имаа и плус осум (31-23), за Катарците во самиот финиш да го ублажат поразот. Крилата Томас и Ривера постигнаа по пет гола за Шпанија, Алекс Душебајев беше стрелец на два погодоци, додека Канелјас еднаш се запиша меѓу стрелците.
Наградата за најдобар стрелец на турнирот во Ирун заврши во рацете на Ривера, додека за МВП на турнирот беше избран Дани Сармиенто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА