Кошаркарската репрезентација на Шпанија стигна и до својата петта победа на Евробаскет, совладувајќи ја селекцијата на Унгарија со 87-64. Пау Гасол постигна 20 поени на оваа средба и влезе во историјата како најдобар стрелец на европските првенства. Тој сега зад своето име 1.111 поени, надминувајќи го Тони Паркер (1.104).
Србија ја декласира Белгија со 74-54, а прво име во победничката селекција беше Бобан Марјановиќ со 22 поени и седум скока. Русија беше подобра од Велика Британија (82-70), а Хрватска покажа моќ против Чешка (107-69).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА