Шпанците триумфално против Германија, Данците лесно со Катар

Ракометарите на Шпанија со победа против Германија од 32-28 го почнаа вториот круг на Светското првенство 2021 во Египет.

Шпанците беа подобар противник на теренот, уште во првото полувреме создавајќи ја разлика која мудро ја одржуваа до крајот на дуелот.

Данска го запоседна врвот во Групата 2, со максимални 6 бода, откако убедливо славеше против Катар со 32-23.

Се вчитува...